Џафери: Секогаш било лесно да се разбудат чудовиштата и да врие казанот наречен „Балкан“

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери имаше свое обраќање на Самитот на Универзалната федерација за мир на тема „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“, во Тирана, Албанија, каде истакна дека чувањето на овој мир и обезбедувањето на достоинствени услови за живот е елементарна обврска на секој човек.

– Југоисточна Европа, има турбулентна историја која не остава никого индиферентен. Секогаш имало антагонизми и раздори, секогаш било лесно да се разбудат чудовиштата и да врие казанот наречен „Балкан“, меѓутоа, се чини дека лека полека меѓутоа сигурно, се надминуваат овие штетни симптоми, говорот на омраза се заменува со современ говор на цивилизиран и визионерски дијалог, создавајќи на овој начин доволен простор за развој и унапредување на овој де на Земјината топка. Затоа што, рака на срце, ги имаме сите предуслови за создавање на здрава и добра средина за сите. Потребно ни е само искрена волја за соработка и за поддршка на едни со други, и со тоа и на себеси, потребна е мудрост и далековидост, потребна е визија за големата слика, сеопфатна а не тесна и исклучувачка – рече Џафери.

Собранискиот спикер истакна дека ние како земји не сме привлечни и интересни меѓутоа како регион можеме многу.

-Како земји не сме привлечни и интересни меѓутоа како регион можеме многу и нашите граѓани заслужуваат многу. Водени од оваа максима дека заедно сме посилни, уште од осамостојувањето на државата го утврдивме стратешките цели и патот по кој ќе чекориме како држава, односно зачленувањето во Европската унија и во НАТО. Република Северна Македонија работеше и продолжува да работи многу на полето на унапредување и зацврстување на добрососедските односи. Oчекуваме до крајот на оваа година да станеме 30-та полноправна членка на НАТО, додека во насока на зачленувањето во Европската унија, знам дека сте запознаени од причина што и Република Албанија ја живее истата судбина како и ние- рече Џафери.

Разочарувањето, истакна Џафери, е природно кај сите, меѓутоа и тоа дека за нас е неприфатлива каква било евентуална алтернатива на процесот на пристапување, односно, ставањето на земјата во категоријата на соседство на ЕУ и истакнал дека Берлинскиот процес е комплементарен со процесот на евроинтеграција преку кој земјите на Западен Балкан можат да постигнат забрзан напредок на реформите и ние сме сериозно посветени кон процесот во интерес на поскорото интегрирање во Европската унија.

– Ќе продолжиме да градиме мостови на соработка и приближување меѓу нашите народи, нашите држави и целиот регион и светот. Ќе продолжиме со заеднички проекти за да бидеме конкурентни со развиениот свет во технолошки, еколошки, културен, научен, интелектуален, уметнички и друг аспект, затоа што имаме човечки потенцијал, имаме силна волја и имаме далековидност да бидеме примерни – рече Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот