Џафери: Седницата за разрешување на Јанева ќе биде закажана до 15 септември

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде завршена до 15 септември.

Тој вели дека постапката не била закажана досега, бидејќи политичките партии во Собранието имале договор да се почека резултатот од преговорите, но сега иницијативата е поддржана од пратениците и точката ќе ја стави на дневен ред на посебна седница.

Одлуката на Џафери за закажување на седницата доаѓа во исто време кога пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ собра потписи за итна седница за разрешување на Јанева, а потоа и избор на нов специјален обвинител.

За СДСМ разрешувањето на Јанева е веќе завршено, а на седницата ќе го потврдат ставот кога беше донесен заклучок за разрешување на специјалната обвинителка. Фокусот, во моментов, вели пратеникот Хари Локвенец е на изнаоѓање решение за Законот за јавно обвинителство и информира дека работните групи и денеска продолжиле со работа.

Антонио Милошоски од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ вели дека се подготвени за да слушнат нови предлози од власта за надминување на разликите околу клучните прашања. Нова лидерска ќе има само доколку се дојде блиску до договор. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека во конечниот договор за иднината на СЈО ќе бидат вклучени, но претходно ставовите треба да ги усогласат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот