Џафери: Работата и делата на Светите браќа Кирил и Методиј се сметаат за придонес од огромно значење за светската наука и култура

Талат Џафери

 Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери од свое име и од име на пратениците упати честитка  по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

-Работата и делата на светите браќа Кирил и Методиј се сметаат за придонес од огромно значење за светската наука и култура. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се работи кои се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за секоја индивидуа. Нивното наследство не се само нивните дела и работа туку и воспоставените вредностите според кои живееле и кои ги оставиле. Ви посакувам мудро и со почит кон нивниот лик и дело да го негувате тоа наследство, порачува Џафери во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот