Џафери: Претседателот ќе прогласи вонредна состојба

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека претседателот на државата има надлежности за прогласување вонредна состојба и додава дека тоа се очекува од него да го побара техничкиот премиер Оливер Спасовски. Според Џафери по самораспуштањето и  распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно.

Џафери најави дека изборите ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз основа на член 126 од Уставот според кој доколку Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот