Џафери: Пратениците ги обземаат камерите и не знаат што зборат - Слободен печат
ВестиМакедонија

Џафери: Пратениците ги обземаат камерите и не знаат што зборат

Тој објасни дека Ѓорчев тоа што го зборувал немало врска со темата за избор на Владата поради што и му го исклучил микрофонот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, рече дека некои пратениците се обземени од камерите и кога ќе излезат на собраниската говорница се губат и не знаат што зборуваат.

– Ги обзема камерата и се губат, им зборуваш, ама не слушаат, па мора да ги исклучам – рече Џафери во врска со вчерашните случувања во Собранието кога беше исклучен микрофонот додека зборуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за Курто Дудуш.

Тој објасни дека Ѓорчев тоа што го зборувал немало врска со темата за избор на Владата поради што и му го исклучил микрофонот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close