Џафери: Обезбедената финансиска независност на Собранието добиена со законските измени е од исклучителна важност

фото: МИА

Тој истакна дека предлогот за измени и дополнувања на Законот за Собрание е усвоен со огромно мнозинство и со поддршка од сите пратенички групи.

Законските измени обезбедуваат финансиска независност и самостојност на собраниската администрација и тие се од исклучително значење за службите, порача претседателот на Собранието Талат Џафери, на прес-конференцијата, што се одржа откако во законодавниот дом беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за собрание.

Тој истакна дека предлогот за измени и дополнувања на Законот за Собрание е усвоен со огромно мнозинство и со поддршка од сите пратенички групи.

– Мора да нагласиме дека досега иако формално независно, Собранието како институција беше целосно зависно од Владата, во однос на позицијата на службата, нејзиното екипирање, унапредување и вработување. Во тој контекст измените кои што ги изгласавме денеска се од исклучително значење за службите. Да не заборавиме дека на плеќите на собраниските служби поминуваат најважните политички процеси во државата, нагласи Џафери.

Претседателот на Собранието посочи дека едногласен бил ставот на сите пратенички групи дека Собранието мора да обезбеди услови за собраниската служба, коишто соодветствуваат со одговорноста што таа служба ја има.

На денешната 130. седница на Собранието со 82 гласови „за”, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Собрание.

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност, беше речено на седницата.  Според измените, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секретар во согласност со буџетскиот совет на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот