Џафери: Новите 14 дена се доволни за партиите да го договорат датумот за изборите

Талат Џафери / Фото: МИА

Сепак, како што кажа ии самиот, изборниот циклус нема да биде како претходните, но граѓаните ќе мора да научат да живат со ваква состојба.

Според претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, новите 14 дена вонредна состојба се доволно време за партиите да го определат датумот кога би требало да се одржат изборите.

Џафери посочи дека според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот, преку изборите.

Сепак, како што кажа ии самиот, изборниот циклус нема да биде како претходните, но граѓаните ќе мора да научат да живат со ваква состојба.

– Условите за граѓаните нема да бидат како во претходните циклуси, но, ние сите поединечно мора да научиме да живееме со појава која според прогнозите ќе потрае. Не можеме да останеме до недоглед со нерешена ситуација. Како резултат на одлуката на лидерите од октомври минатата година да се оди на предвремени избори, Собранието испочитува и низ процедурална постапка ја спроведе одлуката и ги спроведе сите процедури за избор на техничка Влада сто дека пред изборите и во тој контекст, сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и таа се дефинира како вонредна – порача Џафери во денешното обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот