Џафери: Неопходно да се објави вонредна состојба која што ќе овозможи на други институции соодветно да функционираат

Талат Џафери / Фото: МИА

Истата таа одлука, врз основа на Уставот, поради тоа што Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кај претседателот на државата, кој се надевам ќе постапи правилно- рече Џафери.

Претседателот на Сорбанието Талат Џафери се обрати пред портите на македонскиот парламент, по повод најавата и консултациите со политичкиот врв во однос на оценката на состојбата со коронавирусот којшто го опфати нашето општество.

-Непотребни се изборите, политичката одлука е дека не треба да се одржат изборите, но тоа е политичка одлука. Од правен аспект со експертите разговаравме, заклучокот е дека Собвранието не е во можност да се собере, бидејќи е распуштено. Во тој контекст предлогот беше дека е неопходно да се објави вонредна состојба која што ќе овозможи на други институции соодветно да функционираат и делуваат во однос на новонастанатата ситуација- рече Џафери,

Од моментот на прогласување на состојбата и надлежностите на Собранието, потенцираце Џафери, преминуваат во надлежност на Владата, која со уредби треба да ги доуреди сите околности кои се потребни за прогласување вонредна состојба.

-Јас ја очекувам таа Предлог- одлука од Владата во секој момент, таа е во подготовка. Истата таа одлука, врз основа на Уставот, поради тоа што Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кај претседателот на државата, кој се надевам ќе постапи правилно- рече Џафери.

Собранието не може да се собере, рече Џафери, и во однос на одлуката на Владата која забранува големи собири.

Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието, тоа е во единствена надлежност на Уставен суд, туку само би го пролонгирала процесот за избори и одржувањето на избори, изјави Џафери.

-Прво и основно, Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието затоа што тоа е во единствена надлежност на Уставен суд доколку има предуслови и аргументи за да се случи тоа. Владата со Уредба, со законска сила може да го стави во мирување решението на претседателот на Собранието за распишување избори и за определување датум за одржување на избори имајќи предвид дека тежината на решението е помала како правен акт или како административен акт (не ме фаќајте за збор терминолошки) е пониска од Уредбата со законска сила која што би ја донела Владата. Значи, во тој случај Владата само би го пролонгирала процесот за избори и одржувањето на избори, а не одлуката на Собранието. Одлуката на Собранието за самораспуштање може да ја поништи само Уставниот суд доколку има издржливи аргументи за тоа, рече Џафери на новинарско прашање на денешната прес-клонференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот