Џафери навремено го известил судијата Шабани, за вчерашното отсуство на Димовски

Илија Димовски

На судијата Осман Шабани кој го води предметот „Талит“ му бил доставен допис дека Илија Димовски поради службени обврски нема да може да присуствува на судењето, кое вчера беше одложено за 13 декември, пишува Плусинфо.

Дописот бил потпишан лично од претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, додека судијата го прозвал за неодговорност. Судијата Шабани дури се заканил дека нема повеќе да толерира такво однесување.

Инаку Димовски, како шеф на македонската делегација синоќа имаше средба во Сенатот на Француската република со Кристијан Камбон, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на Сенатот, со Филип Ереира, генерален директор за политички и безбедносни прашања во француското МНР како и со други високи претставници на француската држава.

– Изненаден сум од реакцијата на судијата Осман Шабани, бидејќи тој е навремено известен за моите службени обврски. Прво, има добиено допис од страна на Собранието на Република Македонија со кој е известен за моите активности, како шеф на македонската делегација во ПС на НАТО овие неколку денови- изјавил пратеникот Димовски за Плусинфо.

Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери, во известувањето до судијата Шабани навел дека станува збор за „сериозни собраниски должности на пратеникот  Димовски и многу важни средби, на кои можат да присуствуваат само членки на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот