Џафери навремено го известил судијата Шабани, за вчерашното отсуство на Димовски

На судијата Осман Шабани кој го води предметот „Талит“ му бил доставен допис дека Илија Димовски поради службени обврски нема да може да присуствува на судењето, кое вчера беше одложено за 13 декември, пишува Плусинфо.

Дописот бил потпишан лично од претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, додека судијата го прозвал за неодговорност. Судијата Шабани дури се заканил дека нема повеќе да толерира такво однесување.

Инаку Димовски, како шеф на македонската делегација синоќа имаше средба во Сенатот на Француската република со Кристијан Камбон, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на Сенатот, со Филип Ереира, генерален директор за политички и безбедносни прашања во француското МНР како и со други високи претставници на француската држава.

Прочитајте и...  Бернардиќ поднесе оставка од лидерската позиција во СДП

– Изненаден сум од реакцијата на судијата Осман Шабани, бидејќи тој е навремено известен за моите службени обврски. Прво, има добиено допис од страна на Собранието на Република Македонија со кој е известен за моите активности, како шеф на македонската делегација во ПС на НАТО овие неколку денови- изјавил пратеникот Димовски за Плусинфо.

Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери, во известувањето до судијата Шабани навел дека станува збор за „сериозни собраниски должности на пратеникот  Димовски и многу важни средби, на кои можат да присуствуваат само членки на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО“.

Прочитај повеќе

Објавен составот на новата француска Влада

МИА Агенција

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Слободен печат

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Кабул

Слободен печат

Димитров: Ако младите решат да нè биде, ќе нè биде

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Грција: Позитивни на коронавирусот 36 туристи, повеќето Срби

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река утре четири часа без струја

Слободен печат

ОН: Пандемијата ја уназадува борбата против ХИВ за најмалку 10 години

Слободен печат

Зибери го започна караванот „Оствари го сонот“ од Желино

Слободен печат

Карантин невиден досега: Руските власти ископале канал околу едно село за да го затворат

Слободен печат

Филипче: По подолго време имаме двојно повеќе оздравени пациенти од новодијагностицирани

Слободен печат

Во САД турнат споменикот на црн активист кој се бореше против робовладетелството

Слободен печат