Џафери: Надлежните органи да ги истражат случувањата околу СЈО

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека е важно да се поддржи постоењето на Специјалното јавно обвинителство, но, оти надлежните органи треба да го истражат случајот со Катица Јанева, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

„Јас сум еден од потписниците на постоечкиот Закон за специјалното обвинителство, и во тој контекст, како пратеник и сега како претседател на Собранието, немам дилема во однос на потребата од поддршка на такво законско решение. Веста ја добивме откако стигнавме во Вашингтон. Како парламентарец и претседател на Собранието, понатаму не би коментирал во однос на случувањата, бидејќи тоа е надлежност на соодветните институции, кои треба крајно професионално и принципелно да излезат со соодветно соопштение по сите наоди, и со тоа да ја информираат и јавноста и нас како институции. Сметам дека институциите треба да си ја вршат нивната работа онака како што налагаат прописите во државата“, рече Џафери за Гласот на Америка.

Според него, случајот со Јанева не може да го попречи патот кон НАТО, но, оти може да се одрази врз ЕУ процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот