Џафери на вонредна средба со координаторите на пратеничките групи

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери за попладнево свика вондредна средба со координаторите и претставниците на политичките партии во Собранието во врска со начинот и динамиката на продолжување на тековната работа на Собранието, пленарните седници и седниците на работните тела.

Се очекува тој и претставниците на парламентарните партии да разговараат кога ќе продолжат заостанатите седници на кои има точки на дневен ред кои беа одблокирани по средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и со лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за законот за државјанство.

Меѓу нив се и законите за петиот пакет антикризни мерки што денеска помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Средбата на Џафери со координаторите ќе се одржи во 14:30 часот, а по завршување на Координативната средба од неговиот Кабинет најавуваат соопштение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот