Џафери на Европската конференција на Совет на Европа во Стразбур

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, на 24 октомври 2019 година ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур, Франција.

На конференцијата ќе учествуваат претседатели на парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, како и претседатели на меѓународните собранија.

Покрај учеството на конференцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во текот на престојот во Стразбур, претседателот Џафери ќе оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и со други европратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот