Џафери: Мора да се размисли за можноста за организирање избори во вакви вонредни услови

Според него, државата мора да размисли и за можноста за организирање избори во вакви, вонредни услови, а електронски не можеме да гласаме.

Со уредба на Владата да се стави во мирување одржувањето на изборите. Тоа во моментов е единствено правно издржано решение, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според него, државата мора да размисли и за можноста за организирање избори во вакви, вонредни услови, а електронски не можеме да гласаме.

-Со оглед дека е прогласена вонредна состојба, општа е констатацијата дека нема предуслови за одржување избори. Мора да се размисли за можноста за организирање избори во вакви, вонредни услови, за да се обезбеди континуитет на нештата. Тоа е тема за размислување на сите експерти, но експертизата да не се споделува на фејсбук, туку да се организираат електронски форуми, истакна Џафери во вечерашното гостување на Тлевизија 24.

Негов став е дека извршните инстутиции треба, а ја имаат и таквата надлежност, како и целосна поддршка, да направат соодветна проценка на динамиката на работите што ќе се случуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот