Џафери молчи за неговата интерпелација

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова до Собранието доставија интерпелација против претседателот Талат Џафери.

Причината за интерпелацијата на Џафери е тоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, но и кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството, кои беа позитивни на ковид-19, дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки.

Според деловникот за работа на Собранието, самиот Џафери треба да ја стави иницијативата на дневен за дискусија на пленарна седница и потоа за неа да се гласа. „Слободен печат“ го праша спикерот на Собранието кога интерпелацијата против него ќе биде ставена на дневен ред, но тој не сакаше да зборува на таа тема.

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче, вели дека причината за интерпелацијата против претседателот на Собранието е неоснована и тие нема да ја поддржат. Според него, опозицијата има многу забелешки за Џафери како претседател на Собранието, но употребата на албанскиот јазик од страна на Џафери, не е една од нив.

Според законот за употреба на македонскиот јазик, во меѓународна комуникација државните функционери се должни да го користат македонскиот јазик. Во интерпелацијата за Џафери иницијаторите наведуваат дека тој, со тоа што во излагањето пред Комитетот на министри на Европскиот парламент не го употребувал македонскиот јазик, го прекршил Амандманот 5 од Уставот, со кој македонскиот јазик со кој се регулира употребата на јазикот во меѓународните односи.

„На целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“ – се вели во член 1 од Амандманот 5.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот