Џафери: Локалните избори на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите посочи три можни датуми за одржување на локалните избори кои треба да се одржат во октомври годинава.

– Локалните избори во Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври. Според процедурата, 20 дена претходно изборите ќе бидат распишани, а тоа е во јули, а најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии, рече Џафери.

Според собранискиот спикер доколку евентуално би имало предвремени парламентарни и локални избори треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

Во врска со барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, Џафери рече дека „еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот