Џафери ќе учествува на Самитот на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и ЕП во Брисел

Главна тема на Самитот, како што се посочува, ќе биде зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе учествува на Самитот на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот Парламент, што ќе се одржи денеска во Брисел, во организација на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

На самиот, соопшти Кабинетот на Џафери, ќе учествуваат претседателите на парламентите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија, а во својство на претставник на земјата претседавач со Советот на ЕУ, ќе учествува и претседателот на Парламентот на Хрватска.

Главна тема на Самитот, како што се посочува, ќе биде зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ.

На крајот на состанокот предвидено е да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди цврстата волја на парламентите во регионот да бидат вистински двигатели на реформите и да испорачаат конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот