Џафери ќе се обрати на конференција за реформите во разузнавачкиот сектор

Стабилноста, владеењето на правото и безбедноста во Република Северна Македонија, преку подобрување на отчетноста и управувањето на разузнавачкиот сектор против неправилна примена и злоупотреба на инвазивните методи за собирање информации, е целта на Конференцијата на тема „Реформите во разузнавачкиот сектор: постигнувања, предизвици и приоритети” која ќе се одржи денеска во организација на ДЦАФ.

Целта на конференцијата, на која ќе се обрати претседателот на Собранието Талат Џафери, е да се поттикне политички став за придвижување на реформите, јакнење на капацитетите на субјектите во Парламентот, разузнавачкиот и правосудниот сектор и да се помогне во развојот на механизмите за надзор, одговорност и заштитните мерки во согласност со европските добри практики.

Програмата, според организаторите, има за цел да даде ефективен и одржлив придонес кон подобро демократско управување на разузнавачкиот сектор, со што ќе придонесе за подобрена стабилност, владеење на правото и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

ДЦАФ смета дека локалната сопственост е суштинска за успешно спроведување на сите свои активности. Програмата и нејзините цели се одобрени од страна на Владата и Парламентот преку посебни Меморандуми за разбирање потпишани со ДЦАФ во мај 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот