Џафери ќе даде зелено светло за оставката на Груевски

Секој момент треба да почне собраниската седница, на која треба да се донесе одлука Никола Груевски да не биде пратеник.

Како што неофицијално дознаваме, од извори во собранието собранискиот спикер ќе ја констатира оставката од пратеничката функција која Груевски ја поднесе со нотарска заверка од Унгарија каде избега непосредно пред да оди во затвор и доби азил.

Со ова станува беспредметна првата точка од дневниот ред предлог одлуката на Комисијата за мандатот имунитетни прашања за одземање на мандатот на Груевски поради неоправдано отсуство.

Џафери донесе одлука да ја констатира оставката, иако Деловникот на собранието и Уставот предвидуваат таа да биде поднесена лично на собраниска седница, што беше невозможно да се случи бидејќи ако Груевски се појави во земјава ќе треба да оди во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот