Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

Секој временски период ги бие своите битки и ги слави големите или малите борби кои се само камче во зацврстувањето на темелот на чувањето, развојот и ажурирањето на јазикот кој е жива материја и кој може и да потпадне под влијание на интернационализмите и незапирливиот и сеопфатен напредок на технологијата, рече денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери во поздравното обраќање на Научната академија по повод научно-културната манифестација „Деновите на Азбуката – II”.

Затоа, треба да бидеме будни, секој во својот домен на делување. Тука, пред сѐ мислам на себе и на другите претставници на политичкиот дијапазон кои актуелно се или во иднина ќе бидат дел од законодавната власт, а тоа значи можност да ја менуваме, дополнуваме и подобруваме законската основа за чување на стандардниот јазик, порача тој.

Џафери ги повика институциите, медиумите, административните и просветните работници, со свој пример да придонесат за раст на новите генерации кои ќе го сакаат, чуваат, почитуваат и говорат албанскиот јазик.

Џафери во обраќањето се осврна на историјата и креирањето на азбуката.

-Азбуката со која се роди и го почна своето патешествие националната борба за културно осамостојување на светско рамниште, беше силна поддршка за националниот идентитет и за политичката независност на Албанскиот народ. Тоа патешествие помина низ многу предизвици, тешкотии, оспорувања и потценувања, меѓутоа, не го сопре одѕвонувањето на срцепарателните песни на Неџмије Пагаруша, Ханифе Сејфула Речани и на многу други истакнати албански солисти. Не ги спречи ниту истакнатите научници албанолози и писатели, ниту го сопре перото на светски познатите албанските писатели, почитуваните Исмаил Кадаре, Луан Старова и други. Напротив, беше јазикот на автентичното преведување на нивните величествени дела со кои се зголеми и се рашири албанската книжевна вредност. И, не само книжевната. Вредностите и доблестите, хуманоста и солидарноста, емпатијата и разбирањето не беа непознати ниту за Светата Мајка Тереза, ќерката на нашиот свет и мајка на целиот свет, како што прекрасно ја опишале од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и што не прави горди на светско ниво, истакна Џафери.

Џафери од лично име, но и од име на пратениците во Собранието упати честитки по повод 22 Ноември, 112-годишнината од Битолскиот конгрес на кој се унифицираше албанската азбука, ден кој се одбележува како национален празник на Албанците во Северна Македонија.

На Научната академија присуствуваа заменик-министерот за образование и наука, Шабани, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Асани, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Села, како и директорот на Институтот за албанолошки и протестантски студии, Хосафлок.

Манифестацијата почна со омаж за Ѓерасим Ќириази, а заврши со промоција на книга за Парашќеви Ќириази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот