Џафери им го честита почетокот на Рамазан на припадниците на исламската вероисповед

Талат Џафери

 Претседателот на Собранието Талат Џафери го честита почеток на светиот месец Рамазан на припадниците на исламската вероисповед.

-Ми претставува чест од свое име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, светиот месец на колективната солидарност, месецот на духовно и телесно прочистување на нашите мисли, тела и проникнување во вистинските вредности на доблесното човечко битие кое има почит кон секој што е ист а различен од него, затоа што е пред сѐ човек. Нека духот на солидарноста, благодатите што ги носи празникот, топлиот збор и хуманите дела се вселат во нашите домови, нашите срца не само овој месец, туку нека зрачат секогаш и секаде каде за тоа има потреба, луѓе сме и сами сме немоќни, заедно, можеме многу, истакнува Џафери.

Тој во честитката изразува жалење што и овој Рамазан продолжуваат препораките за заштита од Ковид-19, што го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец.

-Почитувани сограѓани, и овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот КОВИД-19 и знам дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја. Нека е честит почетокот на Рамазан, нека е со лесно и нека е во топлиот семеен круг, во мир и благосостојба, порачува во честитката претседателот на Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот