Џафери: Илинден е симбол на стремежот за подобро утре,напредок и повисоки вредности

Талат Џафери / Фото: МИА

Иако оваа година не се обраќам од Мечкин Камен, на овој начин на ви го честитам големиот празник 2 Август – Денот на Републиката.

Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот.

Ви посакувам убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, преку почитување на мерките, разум и добро однесување, да го надминеме и предизвикот COVID – 19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно.Честит празник, стои во честитката од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот