Џафери го честита изборот на Коњуфца за нов спикер на косовското собрание

Во честитката се вели дека Македонија и Косово и понатаму ќе ги негуваат билатералните односи.

Претседателот на македонското собраниет, Талат Џафери, упати честитка до новоизбраниот претседател на косовоското собрание, Глаук Коњуфца.

Во честитката се вели дека Македонија и Косово и понатаму ќе ги негуваат билатералните односи.

-Почитуван Коњуфца, дозволете ми во мое име и во името на собранието на Република Северна Македонија, да ви честитам за вашиот избор за нов претседател на Собранието на Република Косово, со желба за што поуспешно вршење на должноста. Република Северна Македонија и Република Косово негуваат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со блискост како и со меѓусебна безрезервна подршка и јас се надевам дека и во текот на вашиот мандат ќе соработуваме на отворен и пријателски начин- се вели во честитката на Џафери.

Џафери додал дека очекува продлабочување на соработката во сите нивоа и во областите кои се со заеднички интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот