Џафери ги информираше пратениците за оставките на Дрпљанин и Богдановски

Талат Џафери / Фото: Архива на „Слободен печат“

Собранието денеска треба да ги одржи 45. и 43. седница. Пред почетокот на 45. седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ги информираше пратениците за две поднесени оставки. Оставката на членот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Дино Дрпљанин и оставката на пратеникот Мирослав Богдановски од Демократска обнова на Македонија – ДОМ.

Иако имаа право, Дрпљанин и Богдановски не ги образложија своите оставки на седница и Џафери констатира дека престанува нивниот мандат.

Џафери даде пауза и ги задолжи службите да се упатат во Државната изборна комисија (ДИК) со информација дека на Мирослав Богдановски му е прекинат мандатот. Согласно надлежностите, ДИК треба да достави извештај и потоа да се верфицира мандатот на новиот пратеник, од соодветната листа.

Џафери ја прекина 45. седница и соопшти дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за нејзиното продолжување. По донесувањето на дневниот ред на 45. седница, Собранието ќе продолжи со работа по 43. седница.

СДСМ со пратеник плус во Собранието, по оставката на Богдановски

ДОМ ги разреши потпретседателите Петровска и Богдановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот