Џафери: Еден јазик е вреден, колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот

Во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и од име на колегите пратеници и да ја искористам приликата да го честитам најзначајниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, денот кога славиме 111 годишнина од Битолскиот Конгрес, собирот на кој што се донесоа суштинските одлуки и кои ги претставуваат столбовите кои помогнаа за културната и политичката иднина на албанскиот народ, односно, се унифицираше албанската азбука што ги издигна за едно скалило повисоко албанската култура и образование, рече во обраќањето претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката”.

– На овој конгрес се направи и понатамошната консолидација во насока на развојот и напредокот на Албанците, одбирајќи ја јасно ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да се чини скромен за старите светски цивилизации, сепак, тоа е придонес и во целокупниот развој на човештвото- рече Џафери.

Истакна дека со тоа продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина.

– Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи”. И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој, рече тој.

Истакна дека само граѓанските општества со граѓани кои уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот.

– Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување- рече Џафери.

Посочи дека РСМ е речиси внатре во НАТО, таку каде што Албанија веќе одбележува полни десет години членство и, истакна, набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка.

– Додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, поврорно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади, за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите- подвлече Џафери во обраќањето на на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот