Џафери дел од делегацијата на носачот на авиони „Хари С. Труман“

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, беше дел од делегацијата составена од премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, што ја имаше честа да слета на носачот на авиони „Хари С. Труман“, каде што имаа средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.

-Ова беше уникатна можност да се видат одблиску капацитетите на воздушно поморските сили на САД и НАТО Сојузот, капацитети во чиј состав набрзо ќе бидат дел и капацитетите на нашата Армија. Чувство на конкретна припадност во ова големо семејство од сега веќе 30 члена, чувство на гордост за изодениот пат кој што вроди со плодовите на безбедност и сигурност за нашата земја и нашите граѓани. Ние сме НАТО- стои во соопштението од  македонскиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот