Џафери: Бевме многу загрижени да нема меѓуверски тензии после петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Веста за убиството кај Смилковско Езеро ја дознав дента, во доцните вечерни часови. Тој ден бев во Скопје. Во тоа време јас бев вицепремиер во Владата на Македонија. Бидејќи беше многу сензитивен случајот, можно е тогаш да, сум контактирал со Сашо Мијалков, со оглед на тоа каква функција тогаш извршувал. Ова денеска во судница го изјави Муса Џафери, член на ДУИ, кој во период кога беше извршено петкратното убиство беше заменик премиер во владата на Никола Груевски.

– Во тој период имаше многу нејаснотии како се водат постапките. Бевме многу загрижени. Се грижевме да нема меѓуверски тензии меѓу граѓаните. Обвинетиот Фејзи Азири бил партиски активист. Не можам да се присетам во кој активности бил вклучен во нашата политичка партија – рече Џафери.

Судењето за „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот