Џафери: Автентичното толкување на законот за помилување нема да се разгледува пред 11 декември

Координацијта кај спикерот Талат Џафери заврши без договор, велат собраниски извори за „Слободен печат“. Кратко велат дека иницијативата на СДСМ за автентично толкување на чл. 11 од Законот за помилување ќе го изоди процедуралнито пат.

Собранискиот спикер потенцирал дека според него, прво треба да стигне мислење од Владата пред да се формулира предлог на матичната Комисја, во случајот тоа е Законодавно-правната комисија. Неофицијално, според проценките на Џафери, седницата за автентично толкување на членот не може да се закаже пред 11 декември.

– Не е одреден датум, се ќе си тече според процедура, вели нашиот извор, за тоа дали денеска паднал евентуален договор на координацијата кај спикерот.

Од пратеничките групи велат дека во текот на денешниот ден очекуваат до нив да пристигне иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија. Пратеничката Соња Мираковска од НСДП вели дека очекуваат и мислењето на Владата и на матичната Законодавно-правна комисија да пристигне во парламентот. Откако ќе ги добијат мислењата извештајот ќе се разгледа на седница, па потоа ќе треба да се договорат кога ќе се најде на собраниска седница.

– Според мене чл.11 не постои. Тоа е така во правната теорија и може само законодавецот да ја пополни. Уставниот суд може само да го поништи законот, но не и да го врати – вели Мираковска.

Таа очекува Иницијативата за автентично толкување на чл. 11 да помине на собраниска седница бидејќи, како што вели, сите пратенички групи и од власта и од мнозинството се против криминалот и корупицјата.

И од пратенчката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека уште не го добиле барањето за автентично толкување. Остануваат на ставот на партискиот претседател Мицкоски дека треба нов закон со кој ќе се забрани носител на функција да биде веќе аболицирани или амнестиран политичар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот