Џафери: Ако сум згрешил, грешката не сум ја направил намерно и јавно се извинувам

Тој додаде дека сите одлуки што биле донесени во Парламентот се донесени во интерес на граѓаните и на државата.

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.

Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот.

– Одговорот од ДИК беше дека тие можат да обезбедат соодветен тек на процесот во рок од 55 дена од моментот на самораспуштање на Собранието поради фактот што предвремените избори се поврзани со чинот на распуштање на Собранието, а не со политички одлуки. И поради таа причина, анализирајќи и пресметувајќи ги сите рокови, последниот момент на распуштање на Собранието треба да биде денес со цел да се обезбедат сите рокови и постапки навремено – појасни Џафери.

Тој додаде дека сите одлуки што биле донесени во Парламентот се донесени во интерес на граѓаните и на државата.

– Како луѓе човечки е нешто и да сме погрешиле. Што се однесува до мене ако сум згрешил, грешката не сум ја направил намерно и јавно се извинувам – потенцира Џафери.

Тој ги повика пратениците да се поздрават и да си простат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот