Дезинфекција на училиштата во општина Карпош пред стартот на новата учебна година

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска./ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од утре ќе се врши дезинфекција на девет основни училишта на територијата на општина Карпош пред стартот на новата учебна година што е најавен за 1 октомври.

Минатата недела беше целосно дезинфицирано ООУ „Лазо Трповски” во Карпош 3, а утре дезинфекцијата ќе продолжи во ООУ „Петар Поп Арсов во Карпош 4, „Аврам Писевски” во Бардовци и „Христијан Тодоровски Карпош” во Карпош 1.

Во вторник ќе се дезинфицираат простории на училиштата „Јан Амос Коменски” во Тафталиџе 1 и „Братство” во Тафталиџе 2, во среда „Војдан Чернодрински“ кај Млечен, како и школото „Владо Тасевски” во Козле и „Вера Циривири Трена” во Карпош 2.

Од Општината денеска информираа дека планот е дезинфекцијата да заврши до четврток.

– Општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи секои шест месеци во годината, а годинава имавме и вонредна дезинфекција во март поради состојбата со пандемијата. Интенција на локалната самоуправа е сите установи безбедно да ги пречекаат учениците во новата учебна година и да обезбеди здрави и хигенски услови за престој и работа, велат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот