Дезинфекција на градските улици во Македонска Каменица

 По порастот на бројот на активни случаи со Ковид-19, во Македонска Каменица продолжуваат активностите за заштита на населението од ширење на вирусот Ковид-19. Согласно насоките на Општинскиот кризен штаб денес екипи на каменичката противпожарна единица, повторно извршија деизнфекција на градските улици.

– Во рамки на своите надлежности околу реализација на работи од секундарен карактер, а со цел преземање мерки и активности за заштита од Ковид-19, во соработка со комуналното претпријатие, денес извршивме дезинфекција на улиците и тротоарите во градот, со раствор од хлор и вода. Во текот на идните денови ќе следат уште вакви акции со кои ќе бидат опфатени најфрекфентните површини во градот, истакнаа од Територијалната противпожарна единица.

Ситуацијата со коронавирус во М.Каменица според надлежните е алармантна, поради што, повторно апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот.

– Во последните неколку денови бројот на новозаболение зголемен за 400 проценти. Иако најголем дел од случаите се асимптоматски, сепак апелираме до населението да ги почитува мерките за заштита од вирусот, додадоа надлежните.

Освен дезинфекција на улиците, надлежните додадоа дека со мерките за заштита ќе бидат опфатени и останати институции каде е предвидена вонредна дезинфекција на просториите.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот