Дезинфекција и генерално чистење во тетовските училишта

Интензивни активности и превентивни мерки се преземаат во тетовските училишта и градинки со цел да се намали ризикот од сезонскиот грип и новиот коронавирус, информираат од Секторот за јавни дејности. Се користат соодветни средства за дезинфекција на училишните објекти.

-За време не викендот вршиме генерално чистење и нивна дезинфекција. Освен овие мерки во соработка со здравстените организации во текот на работната недела започнавме и со соодветни предавања за учениците. Целта е да се информираат учениците како да се заштитат и да дејствуваат превентивно во насока на спречување на вирусните заболувања, а особено со коронавирусот, истакна Ахмед Ќазими, раководител на секторот.

Во рамки на општина Тетово функционираат шест средни и 12 основни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот