Девствени предели на сликар со квалитет на големите мајстори

Како поканет гостин-уметник на Зимскиот салон со своја изложба со наслов „Првиот пат кога ме допре“ се претстави Александар Зафировски. Кураторот Пенушлиски објасни дека во делата на Зафировски нема луѓе, ниту пак присуство на модерното општество. Пределите што тој ни ги прикажува се чисти, неизвалкани, девствени. Но, тоа не значи дека луѓето не оставаат траги во неговите слики. „Првиот пат кога ме допре“ е таков пример.

Што лично ти значи селекцијата како гостин на Зимскиот салон и на кој начин беше направена селекцијата на изложените дела?

– Ми беше голема чест и задоволство да се претставам пред јавноста како гостин на салонот. Тематиката што ја разработувам во моите слики се надополни со темата што беше поставена од кураторот. Тоа се ливади што асоцираат на Рајската градина. Трагите оставени во неа, траги од луѓе што ги нема, а се чувствува нивното присуство. Понудив повеќе дела за оваа изложба, а селекцијата ја направивме заедно со кураторот. Гледавме тематски да се вклопиме во целиот концепт и просторно да го најдеме најдоброто решение – одговори Зафировски за „Културен печат“.

Суптилноста на потегот и лесното движење на четкичката (која не секогаш е полна со боја), како и моќта на изразот, јасно ни даваат до знаење дека Зафировски е веќе изграден, зрел сликар, уметник што ги поседува сите манири, талент и квалитет на големите мајстори од минатото, прецизира Кирил Пенушлиски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот