Девојката на милијардерот Илон Маск е бремена! (ФОТО)

Пејачката беше критикувана поради необичниот начин за објавување на бременоста.

Канадската пејачка и ексцентрична уметница Клер Елиза Грајмс Буш, објави на Инстаграм многу смела фотографија.

Всушност, популарната Грајмс се сликала потполно гола, а на нејзиниот стомак се гледал фотошопиран фетус, пишува Business Insider. Овој потег предизвикал бурни реакции, бидејќи ниту потврдила дека навистина чека дете, ниту дала било каква друга назнака за овој потег. Многумина мислат дека Грајмс сепак не би си поигрувала со таква работа, но засега се нема дополнително огласено во врска со бременоста.

Инаку Грајмс моментално е во врска со директорот на компанијата Тесла, Илон Маск. Тој се уште се нема огласено во врска со бременоста. Тие двајца беа во турбулентна врска, која во 2018 година, според странските медиуми ја прекинаа, но веднаш потоа ја обновија. Сепак, се уште не се знае ни дали Илон Маск е сигурно таткото.

Profimedia

Маск од претходниот брак има 5 сина. Доколку веста за бременоста испадне дека е точна, ова ќе биде првото дете на пејачката и милијардерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот