Девојката на Лијам Пејн му поставила ултиматум пред смртта: На одморот во Аргентина сѐ тргнало наопаку, а заврши со голема трагедија
Девојката на пејачот Лијам Пејн, Кејт Кесиди, дава сè повеќе детали за нејзината одлука да ја напушти Аргентина во деновите пред пејачот трагично да почине. Таа им кажала на пријателите дека пред неговата смрт таа му дала ултиматум да ја избере неа или дрогата, пишуваат странските медиуми.
Двојката беше на одмор во Аргентина во деновите пред смртта на Лијам минатиот месец, бидејќи тој морал да поднесе барање за обновување на визата за Америка, каде Кејт планирала да живеат. Визата на Пејн истекла поради неговата историја на употреба на дрога и рехабилитација, што значи дека тој морал да помине медицински прегледи и тестови за дрога.
Се верува дека Лијам бил чист од дрога пред тестовите, кои на крајот ги поминал и требало повторно да му биде одобрена визата. Сепак, се вели дека тој продолжил да зема дрога и да пие алкохол набргу откако ги поминал соодветните тестови.
„Неговата употреба на дрога предизвика голема драма. Затоа таа му постави ултиматум – неа или дрога. Тој избра дрога, па таа немаше друг избор освен да се оттргне од него. Мислеше дека тој води љубов”, изјавил извор за „Њујорк Тајмс“.
Инаку, Кејт и Лијам првично планирале да останат во Аргентина само пет дена – што подоцна се претвориле во две недели, со што таа не се согласува.
Таа на обожавателите на социјалните мрежи им објасни дека „мрази“ да останува на едно место долго време и дека морала да се врати во нивниот дом на Флорида. Но, изворот открива дека Кејт им рекла на пријателите дека е во „заложничка ситуација“ бидејќи нивниот одмор продолжил да се одолговлекува.
„Беше многу нездраво за сите. Таа се надеваше дека тој ќе ја следи назад во Мајами“, додал изворот.
Лијам почина на 16 октомври, паѓајќи од балконот на својата хотелска соба на третиот кат во Буенос Аирес, Аргентина. Ѕвездата почина откако претрпе повеќекратни трауми кои доведоа до „внатрешно и надворешно крварење“.