Студентка преплашена од глетката кога се вратила дома од карантин: Мислев дека дома ми се вселиле вонземјани! (ФОТО)

Дона Поре е 22-годишна девојка од градот Цаена во Франција која во март во супермаркетот купила вреќа со компири и ја оставила во кујната. Во меѓувреме започнала пандемијата со коронавирусот и таа се изолирала во карантин кај своето момче, оставајќи го зеленчукот во полицата под кујната.

По враќањето дома, три месеци подоцна, таа останала преплашена кога ја отворила вратата од кујната здогледувајќи невообичаена глетка. На сите страни во кујната биле распространи пипци, па помислила дека ѝ се вселиле вонземјани. Погледнете како изгледало тоа:

Фото: Твитер / Дона Поре
Фото: Твитер / Дона Поре

Дури откако се осмелила подобро да ја осветли просторијата сфатила дека заборавениот компир толку многу презреал што корења започнале да се пробиваат низ полиците и се прошириле насекаде во кујната. 

22-годишната Дона ја фотографираше несекојдневната глетка, а потоа ги сподели фотографиите на социјалните медоуми. Откако нејзините објави станаа вирални, за нејзината случка пренесоа и светските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот