Полицијата во Њу Џерси ја истражува смртта на девојката Френсис Викторија Гарсија (19), која била пронајдена мртва на кровот на јавна гаража. Се испитува дали насилен секс е причината за смртта на младата жена.
Телото на девојката било пронајдено во саботата наутро, пишува Њујорк пост.
Како што и раскажал Мајкл Гефни (21), со кој таа била во автомобил, на полицијата, тие двајца биле на журка за Ноќ на вештерките во зградата во близина и заедно отишле во автомобилот во гаражата.
Тој опишал како земале некои таблети и потоа започнале груб сексуален однос во автомобилот. Во еден момент, на девојката и се слошило. Набргу потоа починала.
Според познатите информации, девојката наводно претрпела повреди на вратот за време на грубиот секс во автомобилот. Светските медиуми пренесуваат дека Мајкл е обвинет за нејзината смрт.
Вистинската причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата, а тогаш ќе се знае и дали против Мајкл ќе биде покрената кривична постапка.