Девојка украла 300 илјади од старец во Свети Николе

Деветнаесетгодишна девојка од светиниколското село Горубинци вчера ограбила 79 – годишен жител на Свети Николе. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение вели дека вчера во 16:15 часот полициски службеници од Свети Николе ја лишиле од слобода 19 – годишната А.П.  поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба”.

-Таа, на 15 декември  во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули” во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во една прилика кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Парите му сe вратени на сопственикот, а по целосно комплетирање на случајот против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот