Девојка се опила, па пијана легнала врз своето дете и го загушила: Детето починало, а таа сега е ослободена

Фото: Принтскрин

Мајката која била притворена за смртта на својот син на возраст од четири недели, кој го загушила кога пијана легнала на него, сега е ослободена од затвор со одлука на судија од Апелационен суд.

Марина Тилби (26) била толку пијана што и требало еден час да се разбуди откако нејзиниот син Даријан бил итно одведен во болница во обид да му се спаси животот.

26-годишната жена од Велс била во затвор две години и четири месеци, откако признала дека го занемарила детето.

Но, таа е ослободена од затвор откако судиите на Апелациониот суд во Лондон им ја намалиле на 16 месеци и ја укинале.

Тилби го земала Даријан со себе на 29. март 2017 година кога излегла на пијалак со својата сестра.
Сведоци виделе како Тилби држи дете додека игра, а снимки од надѕорните камери покажале како го држи над главата и го фрла во воздух пред да го врати.

Сестрите се сретнале со тројца мажи кои престојувале во парк во караван и на крајот од вечерта си се вратиле во својот караван.

Тилби го нахранила Даријан пред да го спушти на брачниот кревет, а потоа отишла да спие покрај него во раните утрински часови на 30. март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот