18.8 C
Скопје

ВИДЕО: Девојка починала како бездомник, а на нејзината сметка имало близу милион долари: Во чии раце завршило нејзиното наследство?

Животот понекогаш знае да си поигрува со нас, а тоа најдобро го илустрира животната приказна на една девојка која била бездомник, а притоа на нејзината банковна сметка имало нешто помалку од еден милион долари.

Една жена од Орегон починала минатата година како бездомник, не знаејќи дека наследила 884,447 долари.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Кети Бун починала во јануари 2020 година во прифатилиште за бездомници во Асторија, Орегон. Бун имала проблеми со менталното здравје и злоупотреба на наркотични средства. Кога нејзината мајка починала во 2016 година и оставила на Кети значајно наследство, никој не успеал да ја најде и да ја извести, пренесува порталот на „РТС.rs“.

„Тоа навистина не е фер. Тие пари едноставно биле на нејзината сметка кога се мачела на улиците“, изјавил нејзиниот татко Џек Спитол.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

По бројните огласи за нејзина потрага во печатените медиуми како и безуспешната помош од приватен истражител, парите на крајот биле префрлени на сметката на локалните власти, но никој никогаш не одговорил каде завршила таа сума.

„По потрага од годината и половина и напорите на личниот застапник, како и на адвокатот во овој конкретен случај, државата навистина не можеше да стори ништо повеќе“, изјавила портпаролката на Министерството за надворешни работи Клаудија Кобанау, додавајќи: „Ова е уникатен случај и ние искрено сочувствуваме со семејството“, пренесува „РТС“.

Не е познато што ќе се случило со парите кога Бун починала, но сепак, таа има две биолошки деца кои можат да побаруваат од тие средства, пренесува „KGW News“.

Поврзани вести

ВИДЕО: Погледнете како се снимал култниот филм „Dirty Dancing“

Слободен Печат

Карли Клос: Го следев моето срце, се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации

Слободен Печат

„Меган ќе остане дома“: Принцот Хари ќе присуствува сам на откривањето на статуата на неговата покојна мајка

Слободен Печат

Трикови кои може да ви помогнат да заспиете полесно

Слободен Печат

ФОТО+ВИДЕО | „Договор за Европско првенство“: Девојка сподели какви правила ѝ поставило нејзиното момче додека трае „фудбалското лудило“

Слободен Печат

ФОТО: Ненси и Роналд Реган – љубовна приказна која траела 52 години, си биле доволни сами на себе, а со децата имале чуден однос

Слободен Печат

Остави Коментар