Девојка и пензионер нападнати од кучиња скитници

Малолетна девојка и пензионер вчера биле нападнати од кучиња скитници, извести скопската полиција.

Првиот инцидент се слулчил вчера во 15.50 часот. Во полициската станица во Аеродром В.Б. (71) од Скопје пријавил дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник за левата нога.

Вчерта пак во истата полициска станица А.Р. (42) од Скопје, пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“ неговата 16 – годишна ќерка била касната од куче скитник за десната нога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот