Девојка и испратила порака на својата мајка кога избувнал пожарот во дискотеката во Мурсија: Мамо, те сакам…

Фото: EPA-EFE/MARCIAL GUILLEN

Најмалку седум лица загинаа, а четрнаесет се водат за исчезнати во пожар кој избил во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти. Пожарот избувнал околу 06:00 часот по локално време.

Шпанската полиција соопшти дека пожарот избувнал во ноќниот клуб Фонда Милагрос по што се проширил на соседните клубови Театре и Голден. Полицајците не успеале да влезат во клубот поради високата температура и опасноста од рушење.

Според пишувањата на шпанските медиуми, во моментот кога избувнал пожарот 28 годишна девојка испратила гласовна порака на својата мајка со содржина „Мамо, те сакам, ќе умреме“.

Девојката заедно со своето момче и пријатели решиле вечерта да ја поминат во клубот кадешто избувна пожарот, засега нема информации дали девојката преживеала.

После испратената гласовна порака телофонот се исклучил.

Во Мурсија е прогласена тридневна жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот