Девојка (16) живеела на една бонбона и половина бисквит дневно зашто пријателите ѝ рекле дека е дебела

Facebook

Мадасон Фаулкер (16) од Белфаст, дошла до тежина од само 40 килограми по една година строга диета за која сама си направила „мени“, кое било многу сиромашно – една бонбона и половина бисквит дневно.

Таа тврди дека не знаела ништо за пореметувањата во исхраната, само сакала да ослабе откако пријателите ѝ рекле дека е дебела.

„Имаше неколку коментари од луѓе дека сум дебела и дека навистина треба да ослабам. Поверував во тоа бидејќи мислев дека ми се пријатели“, рекла Мадасон.

facebook

Нејзината мајка Кимберли Нил рекла дека прво забележала дека Мадасон го враќа ручекот што го носела во училиште, а за време на вечерата се криела во својата соба и ја фрлала храната во ѓубре.

Мадасон почнала да чувствува вртоглавици, а тоа ја натерало нејзината мајка да ја однесе на лекар, кој не забележил пореметување во исхраната, туку ја испратил на ЦТ на мозокот.

Девојката не преземала ништо сè додека не се онесвестила во училиште, бидејќи црниот дроб и бубрезите почнале да ѝ откажуваат.

facebook

Била ставена на строг режим на исхрана. Морала да јаде на секои два часа и да лежи во кревет за да ги врати килограмите.

Мајката тврди дека домашното лекување не помогнало бидејќи Мадасон се чувствувала беспомошно и се обидела да си го одземе животот дури трипати.

Конечно одлучила да се пријави во клиника за пореметувања во исхраната откако две недели била сосема без храна.

Сега Мадисон е на факултет, ја вратила тежината и вели дека има страв од пореметување во исхраната. Собрала пари кои ги донирала во клиниката во која се лекувала и која ѝ помогнала да остане жива. Сака да стане медицинска сестра за ментални заболувања.

Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот