Девојчињата кои си играат со ултра-тенки кукли имаат поголема веројатност да развијат погрешна претстава за сопственото тело

unsplash

Ултратенките кукли можат да создадат погрешна претстава за сопственото тело на младите девојки, покажа новата судија.

Истражувачите набљудувале деца од 5-9 годишна возраст кои си играле со кукли од различен тип на тело и откриле дека девојчињата кои си играле со ултра-тенки кукли имаат поголема веројатност да сакаат тенки и совршени тела, се вели во студијата објавена во списанието „Body Image“.

unsplash

Ултратенките кукли претставуваат извор на погрешни идеали, што потенцијално може да доведе до долготрајно незадоволство од телото кај младите девојки“, вели авторката на студијата Линда Бутројд, професор и директор за истражување на одделот за психологија на Универзитетот Дурам во Велика Британија.

Незадоволството од сопственото тело во детството може да претставува вистински проблем во адолесценцијата и во подоцнежните години“, вели таа, посочувајќи дека може да предизвика и проблеми со нарушувања во ихраната.

Триесет деца биле прашани за нивната перцепција и идеален изглед на телото користејќи слики на компјутер пред да им биде дозволено да си играат со кукли. Откако девојчињата си играле со ултра тенки кукли пет минути, на прашањето одговориле дека сакаат да изгледаат како куклите.

Резултатите од студијата не биле изненадувачки за Бутројд. Таа вели дека видела и други студии за тоа дека куклите за играње можат да ги сменат идеалите за изгледот на телото.

Нејзината студија дополнително потврдила дека младите девојчиња имаат негативни ефекти од влијанието на изложеност на играчки кои даваат нереални прикази на женското тело.

Незадоволството од сопственото тело може да предизвика и други негативни последици“, вели Шарлот Марки, професор по психологија на универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, која воопшто не била вклучена во ова истражување, пишува „Си-Ен-Ен“.

unsplash

Сликата за сопственото тело не е само површна грижа, таа е поврзана со менталното здравје на луѓето воопшто“, вели Марки.

Таа посочува дека родителите мора да разговараат со своите деца за физичкиот изглед уште од најмлада возраст, со цел да развијат позитивни последници. Воедно треба да внимаваат на изборот на играчки со кои си играат нивните деца, односно да избираат кукли кои имаат „пореални тела“ со цел децата да имаат чувство за она што е „понормално“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот