Девојче во Шпанија фрлило порака во шише – добила одговор!

Facebook

Четиригодишната Британка Тејлор Пауел фрлила порака во шише, во која ставила своја фотографија и број од телефонот на татко ѝ, сакајќи да открие каде ќе заврши шишето и дали некој ќе ѝ се јави.

„Ако ја пронајдете оваа фотографија, ве молам одговорете со своја фотографија и напишете од која земја сте“, напишала во пораката.

facebook

Дваесет дена откако шишето со пораката го фрлила во морето во Санта Сузана во близина на Барселона, татко ѝ Ричи добил порака од младиот пар Саша и Алекс, пишува британски Сан.

Напишале дека го пронашле шишето во московската река и испратиле фотографија со потпис „Од Русија со љубов“.

„Тејлор е воодушевена што шишето се појавило во Москва. За неа тоа е волшебно“, изјавил нејзиниот татко.

Стручњакот за океани, Адриан Њу, рекол дека е можно шишето да е пренесено преку немирното море околу Шпанија, покрај Шкотска, преку Балтикот и Русија, но патот би требало да трае многу подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот