Девојче удрено на пешачки во Хром, по ударот летнало десетина метри

Ученичка која поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје денеска во околу 15 часот е удрена од автомобил југо, објави Телма.

Девојчето по ударот летнало десетина метри. Како што објави телевизијата, девојчето со возило на Итна помош било префрлено на скопскиот Ургентен центар каде и била пружена лекарска помош. Лекарите велат дека повредената е во стабилна состојба и се прават потребни снимки за да се утврдат повредите.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Локалните жители објаснуваат дека на улицата „Ангел Динев“ каде се случила несреќата има проблеми затоа што семафорите не се координирани. Во близина на местото се наоѓа училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот