Девојче тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА
Ноќеска во полиција се јавил дежурен лекар од комплексот клиники „Мајка Тереза“ кој пријавил дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

Од полициски службеници од СВР Скопје бил извршен разговор со мајката на малолетничката, И.Ч.К.(34) од Скопје, која изјавила дека на улицата „Кримска“ нејзината ќерка како пешак била удрена од едно возило, кое го напуштило местото на незгодата.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот