Девојче се качило на крокодил и го удирало се додека не ја пуштил нејзината пријателка

Деветгодишното девојче Латоја Мувани се бањала во поток, кога ја зграпчил голем крокодил. Кој знае како би поминало да не била тука нејзината две години постара пријателка Ребека Мункомбва, која ја спасила со храбра и брза реакција.

Кога девојчето од Зимбабве видело дека крокодил почнал да ја влече нејзината мала пријателка под вода, скокнала на него и почнала да го гребе за очите се додека не го пуштил другото девојче.

– Само што излегов од вода, ја слушнав Латоја како вика дека нешто ја гризнало за рака. Веднаш се фрлив во вода. Таа врискаше од болка и збореше дека нешто ја гризе и ја влече под вода – вели Ребека.

Набргу сфатила дека се работи за крокодил и веднаш нападнала.

– Скокнав на него и почнав да го удирам, а потоа му ги стискав очите се додека не пушти. Кога таа се ослободи, заедно отпливавме до брегот, каде другите деца не извлекоа од водата. За среќа, крокодилот не не нападна повторно – рекла таа.

Ребека не претрпела никакви повреди, додека нејзината пријателка завршила во болница, но докторите откриле дека и таа има само лесни повреди.

Таткото на Латоја за локалните медиуми рекол дека помислил на најлошото кога дознал дека крокодил ја нападнал неговата ќерка.

– Не знам како успеала да ја спаси, но благодарен сум на Бога. Латоја одлично закрепнува и наскоро ќе биде пуштена од болница – рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот