Девојче од Сараево испратило писмо до британската кралица – ЕВЕ каков одговор добила (ФОТО)

Деветгодишно девојче од Сараево, Асја Исовиќ, пратило разгледница и песна до кралицата на Велика Британија, пренесува Н1.

Девојчето било изненадено откако и стигнал одговор од Лондон.

„Пристигна одговор од Нејзиното Величество. Не можам да верувам дека тоа се случи. Ова ќе биде една од најубавите работи во мојот живот“, напишала Асја кратко во коментар на фотографијата на која го држи писмото од кралицата.

Писмото, секако, не го напишала кралицата лично, туку нејзината дворска дама.

„Кралицата побара од мене да ти се заблагодарам на рачно изработената разгледница, песната и прекрасниот цртеж, кои ги испрати на Нејзиното Величество. Иако не е во можност лично да ти одговори, Кралицата е допрена од твојата грижа и исклучително го цени времето и трудот кои си ги издвоила за да направиш разгледница и поклони“, стои во одговорот кој ја воодушевил малечката Асја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот