Девојче напишало писмо пред да ја убие нејзиниот татко – Нејзините зборови ја КИНАТ душата

Можеби некои од вас слушнале за поговорката: „само децата и будалите ја кажуваат вистината“. Но, вистината која доаѓа од устата на ова девојче е како бодеж кој поминува право низ срцето!

„Драг Џек. Немој да му кажеш на тато дека сум ти го напишала ова писмо. Можеби ќе се налути на мене. Мама ни кажуваше дека не треба никого да мразиме. Но не можам, а да не те мразам! Само сакав да те замолам за една услуга: Бегај од нашите животи. Тато ја изгуби работата поради тебе.

Мораме да ја продадеме куќата за да ги платиме сметките. Без работата немаше храна ниту за мене, ниту за мама. Можам да кажам дека таа беше гладна многу пати, само јас да би имала да јадам. Кога паднав од велосипед, баш ми требаше мојот татко, но тој беше со тебе! Не го пушти ни да дојде на крајот на школската година или на презентацијата на татковци. Бев многу вознемирена поради тоа. Откако тато те запозна, не се враќаше дома пред полноќ. Што по ѓаволите правиш? Почна да ја повредува мама. Прво со зборови, а потоа почна да користи и каиш. Кога тоа се случи, моравме да се криеме кај комшиите, инаку ние ќе бевме тепаните!

Додека растев, тој почна да ме гледа како вреќа за тепање. Кога немаше играчки кои би можел да ги скрши. Јас не знам што му зборуваш, но тој многу се промени. И само сакам да знаеш дека мама го сака стариот тато назад. Човекот за кој се венчала. Те молам тргни се од него и пушти не повторно да бидеме среќни. Се надевам дека ќе ме разбереш. Лаура.“

Ова писмо го напишало девојче од осум години и го адресирала на познатиот виски бренд, а после кратко време умрела од повредите и тепањето кое и го нанел нејзиниот татко. 39% од фамилијарните караници и тепања доаѓаат како последица на алкохолизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот